Генетичарот и имунолог Џон Бел од Универзитетот Оксфорд рече дека до пролетта следната година, коронавирусот може да изгледа како настинка, бидејќи нашиот имунитет станува посилен поради вакцините и изложеноста на вирусот.
Тој додаде дека зад Велика Британија е „најлошото“ и работите „треба да бидат во ред“ откако ќе помине зимата.
Слична изјава даде извршниот директор на компанијата „Модерена“, Стефан Бансел, кој во понеделникот рече дека пандемијата на коронавирус може да заврши за една година, со оглед на тоа што зголеменото производство на вакцини обезбедува
„Ако го погледнете проширувањето на производствениот капацитет во индустријата во текот на последните шест месеци, до средината на следната година треба да има доволно дози за да може да се вакцинираат сите на овој свет. Засилувачите исто така би требало да бидат овозможени до потребниот степен“. им рече тој на новинарите.
„Оние кои не се вакцинираат ќе бидат имунизирани природно бидејќи варијантата на делта е доста заразна. На тој начин ќе дојдеме во ситуација слична на грипот. Можете или да се вакцинирате и добро да ја поминете зимата, или да не го направите тоа и ризикувате да се разболите, а можеби дури и да завршите во болница “, додаде тој.
На прашањето дали тоа значи дека се враќаме во „нормалното“ во втората половина на следната година, тој рече дека тоа може да се случи за една година.
Научникот Сара Гилберт, која работеше на развојот на вакцината Астра Зенека, исто така рече дека вирусите стануваат послаби. Џон Бел ја коментираше нејзината изјава и рече дека „сега ни е многу подобро отколку пред шест месеци“.
„Притисокот врз британскиот здравствен систем е значително намален. Ако ги погледнете смртните случаи предизвикани од ковид, обично се постарите лица и не е целосно јасно дали ковид е причината за тие смртни случаи“, рече Бел.
„Мислам дека сега го поминавме најлошото. Мислам дека одиме кон позицијата што ја опишува Сара и веројатно ќе стигнеме таму следната пролет. Мора да ја поминеме зимата, но мислам дека ќе биди добро тогаш“, додаде тој.
Comments are closed.