Британските медиуми почнаа да шпекулираат дека војвотката од Сасекс, Меган Маркл веќе е породена.
„Војводата и војвотката од Сасекс се заблагодаруваат на прекрасните желби и честитки кои се добиени досега и се подготвуваат за раѓањето на своето прво дете. Војводата и војвотката донесоа приватна одлука дека самото раѓањето ќе биде приватно. Јавноста ќе биде информирана за раѓањето на детето кога тој настан ќе се прослави во тесен кругот на семејството”, напишаа Меган и Хари, а многумина овие зборови ги протолкуваа како знак дека бебето е веќе родено, пишува „Експрес“.
За ваквите шпекулации придонесе и доаѓањето на пријателот на Меган, Даниел Мартин во Лондон.
Двојката, исто така, направи профил на Инстаграм на кој најверојатно ќе ги објават првите фотографии на детето. Профилот не е активен три дена, а последното објавување се однесува на посетата на Хари на едно здружение.