Откако одлучија да се повлечат од кралските должности и да започната самостоен живот, Меган Маркл и Хари својата среќа прво ја побараа во една луксузна вила во Канада, но поради затворањето на границите бившиот кралевски пар се пресели во Лос Анџелес.
Поради кризата со коронавирусот во моментов Меган и Хари не можат да најдат работа, а таблоидот “Life & Style” пишува дека тие наскоро може да останат и без кров на глава.
“Уште немаат свој стан“, – изјавил извор близок до парот кој откри како тие се снаоѓаат во време на кризата.
“ Спијат кај пријателите на кревет на расклопување. Неговото величество Хара е практично бездомник“, објаснува изворот и додава дека целата ситуација е полоша бидејќи со нив е и нивниот 11-месечен син Арчи за кого едвај можат да овозможат бебиситерка.
За што е можно поскоро да “застанат на нозе“ Маган се труди да се врати на глумата, а во тоа многу и помага и 35-годишниот Хари кој пред еден месец го наговараше еден од челниците на Дизни да ја ангажира да го позајми гласот за неколку нивни анимирани филмови.