Ени Најт (27) минатата година се најде во центарот на вниманието на јавноста поради нејзината изјава дека спиела со дури 300 мажи и жени во текот на 2023 година.
Таа откри дека во еден ден имала дури пет различни сексуални партнери, но и дека ја имала поддршката од нејзината мајка, пишува Мирор.
– Партнери наоѓам преку апликации. Многу луѓе ме навредуваат поради мојот начин на живот, ми кажуваат дека сум венерична болест која шета, дека сум грда… Но, се чувствувам добро, подготвена сум да пробам сè – рече Ени, која верува дека општеството има двојни стандарди кога станува збор за сексуалниот живот на жените и мажите.
– Луѓето прифаќаат дека мажите се сексуални суштества, а на жените гледаат како да не се сексуални суштества, тоа не е точно – вели Ени.
Таа често патува, објавува фотографии на Инстаграм, а пред пет недели го посетила и Дубровник.
И покрај бројните критики, Ени планира да го продолжи животот. Во сè ја има поддршката од својата мајка Карин.
– Знае што прави. Можеби се обидува да покаже дека жените можат да имаат контрола над својот живот – вели мајката Карин, а пренесува Мирор.
Ени исто така откри дека се надева дека ќе ја надмине бројката од 2023 година во 2025 година и ќе спие со 600 луѓе.
– Која е разликата помеѓу маж кој спие со пет луѓе дневно и жена што спие со пет луѓе дневно?“, вели таа.
Ени Најт има профил на социјалната платформа за возрасни OnlyFans, а кога нејзиниот поранешен работодавец дознал за тоа, веднаш добила отказ. Таа добила е-пошта со писмо за оставка и слики од екранот од нејзината сметка на OnlyFans.