(фото: Спорт1.мк)
Во 18.50 часот во Скопје ќе слетаат ракометарите на Вардар. Чартер летот го обезбедил Град Скопје за кој од градската каса ќе бидат одвоени 39.500 евра. За дочекот на ракометарите ќе бидат ангажирани три двокатни автобуси на ЈСП Скопје, еден панорамски и два затворени, со кои ракометарите ќе се возат од аеродромот до плоштад.
Со ракометарите заедно во Скопје доаѓаат и коментаторите Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ, од „Арена Спорт“ телевизија, кои станаа херои заедно со ракометарите на Вардар.
Инаку, награда од шест милиони денари односно околу 100.000 евра најавија од Град Скопје за европските шампиони.