Спектакл: Бугарска матурантка пристигна на забавата качена на – багер (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На X платформата, поточно профилот „на една българка“, беше објавено видео кое го привлече вниманието на корисниците, придружено со следната порака:

„Матурските прослави во Бугарија се како Мет Гала, каде што учениците се облекуваат во гламурозни фустани, модерна облека и пристигнуваат со стил за да ја прослават една од најочекуваните ноќи во нивниот живот“.

Целосен спектакл

Ако описот е автентичен, гледаме матурантка во син фустан како пристигнува на забавата, а како превозно средство избрала – багеробјави Телеграф.

За да биде спектаклот комплетен, таа е придружена од трубачи, но и од воодушевени минувачи!

Не е невообичаено младите да нè изненадуваат по повод прославите на матурирањето, но ваквото пристигнување дефинитивно ги поместува границите.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com