На синоќешното доделување на Оскарите присуствуваше и познатиот режисер и актер Спајк Ли кој дојде во друштво на сопругата Тоња Луис Ли.
Тој на црвениот тепих зачекори во виолетово-жолт костум, во боите на Лос Анџелес Лејкерс, со што му оддаде почит на трагично загинатиот кошаркар Коби Брајант.
Исто така Спајк на реверот и на задниот дел од сакото го имаше испишано бројот 24, кој Коби го носеше на дресот во Лејкерси.
Оскар за најдобар краткометражен филм доби приказната „Hair love“, a режисерот Метју Чери наградата му ја посвети на кошаркарска легенда Коби Брајант.
Инаку, во ноќта на Оскарите му беше одадена почит и на филмската легенда Кирк Даглас.