Националниот центар за епидемиологија и микробиологија „Николај Гамалеј“ во Москва, кој што ја направи вакцината „Спутник V“ почнал да работи на аналоген лек со кој што во САД се лечеше претседателот Доналд Трамп.
Директорот на центарот Александар Гинзбург објаснил дека станува збор за лек направен врз основа на моноклонални антитела. Тоа се антитела кои што штитат од вирусите и се наоѓаат во крвната плазма на човекот кој што прележал коронавирус.
Но, во новата вакцина ќе има и антитела направени со геноинженеринг, значи не во човечкиот организам туку вештачки. Антителата ќе бидат од концентриран вид. Тој препарат во Русија би можел да се појави кон крајот на 2021 година.
Веќе сега добро е позната праксата дека болните луѓе од коронавирусот примаат крвна плазма од луѓе кои што го прележале вирусот. Но, неа ја нема во доволни количини, па „Трамповата вакцина“ ќе биде многу корисна.
Професорот Гинзбург изјавил дека во националниот центар „Николај Гамалеј“ се создава вакцина која што истовремено би штитела од грип и од коронавирус.
„Технологијата која што ја имаме тука во Центарот овозможува да правиме препарати кои што можат да штитат од еден или повеќе вируси“, објаснил професорот.
Инаку, Гинзбург им препорачаа на сите кои ќе примат вакцината против коронавирусот да консумираат храна богата со протеини.
„Луѓето кои ќе ја примат вакцината против коронавирусот би требало да јадат повеќе храна богата со протеини, затоа што недоволната количина на протеини може негативно да влијае на производството на антитела на коронавирус. Количината на храна богата со протеини, односно количината на протеини во исхраната, има големо влијание врз производството на антитела. Производството на антитела е процес што троши многу енергија, така што внесувањето месо, но не и маснотии, има сериозен ефект“, изјави Александер Гинтсбург.