Центарот за управување со кризи известува дека вчера координирал акција за спасување на риболовец кој колабирал на езерото „Козјак“.
„Конкретно, во периодот по 19.00 часот на Единствениот број за итни ситуации 112 е добиен повик од возрасно лице – рекреативен риболовец на езерото Козјак, коешто заради проблеми со срцето снеможело и било во животозагрозувачка ситуација. Лицето, дека имало повеќе сила, успеало да прати и дигитална локација на телефони во Скопје, а потоа не било контактибилно“, известува ЦУК.
Неговата локација веќе ја имале и дежурните од Единствениот број за итни случаи 112, кога тој успеал да се јави на бројот. Неговиот телефонски број бил даден и во Итната медицинска помош, со што се имало можност и лекар да комуницира со лицето за медицински совети согласно можностите и ситуацијата.
„Со брзата и професионалната интервенција на Итната медицинска помош, во содејство со Полицијата и со дежурните од „Јасен“ на пунктот „Кула“, возрасното лице во животозагрозувачка ситуација заради проблеми со срцето прво било пронајдено покрај брегот на езерото „Козјак“. Затоа, во тој период на интервенција за спасување на лицето, бил прекинат патот со времен режим на сообрќај, освен за Медицински тимови. Инаку, во попладневниот и вечерен период патот низ ЈП „Јасен“ е отворен само за сообраќај во еден правец – кон Скопје, а наутро од Скопје кон езерото. Медицинскиот тим од Итна медицинска помош на лице место го згрижил пациентот и со болничко возило се упатил прво кон Општа болница во Прилеп, а потоа, согласно медицинската проценка, со медицинско болничко возило и лекарски надѕор, било упатено кон Клиниката за кардиологија во Скопје“, нагласува ЦУК.
Според, последните информации кои се добиени во ЦУК, риболовецот сега е во контактибилна состојба. Од таму на граѓаните им порачуваат внимателно престојување во природа, со полна батерија на мобилниот телефон, да се носи вода и други течности со себе, како и да се има заштита од сонце во овој период на топли температури.