Спасувачките екипи во турскиот град Газиантеп под урнатините на една куќа пронашле речиси 2 милиони долари, а потоа и ги предале на полицијата, јави агенцијата Анадолија.
Парите ги виделе турските спасувачки екипи кои извлекле едно лице од урнатините на резиденцијата на Ајше-Мехмет Полат.
WATCH: #BNNTurkey Reports.
Thousands of houses were destroyed after two #earthquakes of 7.7 and 7.6 in #Turkey.#Turkey #Turkiye #earthquake #deprem pic.twitter.com/t2aLFWRk9C
— Gurbaksh Singh Chahal (@gchahal) February 17, 2023
„Вкупно беа околу 2 милиони долари, спасувачите ги предале парите на специјалците. Нашите луѓе пред се спасуваат животи, но вредните предмети и се предаваат на полицијата – ова не е единствен случај“, изјавил Газиантеп Чафер Јилмаз, шеф на противпожарната единица, за Анадолија.
Претходно, Министерството за вонредни состојби на Русија соопшти дека спасувачите од Руската Федерација под урнатините на станбена зграда во Турција пронашле 150 илјади долари во готовина, а средствата потоа биле префрлени на локалната полиција.