Централниот и Извршниот одбор на СДСМ синоќа на одделни седници одлучија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да биде технички премиер во преодната влада од 3 јануари 2020 до формирањето на новата влада по изборите во април.
Заблагодарувајќи се на дадените доверба и поддршка, Спасовски преку „Фејсбук“ рече дека има само една желба.
-Ви благодарам на довербата и поддршката. Мојата желба е да бидам што пократко на таа позиција за што побрзо да се врати претседателот Зоран Заев. Одиме на победа!, напиша Спасовски на фејсбук.