Премиерот Оливер Спасовски објави вечерва на телевизијата 24 Вести дека постарите граѓани од 67 години отсега ќе можат да излегуваат надвор од пет наутро до 11 часот претпладне, што значи ќе можат да се движат само 6 часови.
“Се донесе одлука за забрана за движење на лицата постари од 67 години. Тие ќе можат да се движат од 5 наутро до 11 часот. Значи забраната за движење ќе биде од 11 часот до 5 наутро. Во периодот од 5 наутро до 11 наутро ќе можат да извршат одредена набавка и така натаму, по 11 часот постарите нема да можат да се движат, информираше Спасовски.
Од друга страна, младите до 18 години , за кои се смета дека ги загрозуваат постарите, ќе можат да излегуваат од дома од 12 часот напладне до 21 часот навечер.