Во ски центарот Банско во Бугарија се спасени пет деца од Србија на возраст од 12 до 15 години, кои возеле сноуборди надвор од скијачките стази. Бугарското национално радио објави дека седум припадници на службите за спасување одговориле на повикот за помош кој децата го испратиле вчера околу 4 часот.
Според информациите децата се во добра здравствена состојба, без сериозни повреди, но биле исплашни поради тоа што им се случило.
На тој предел пред неколку дена беа пронајдени две лица кои исто така возеле сноуборди надвор од скијачките стази.