Најмоќната Арапка Моза бинт Насер е доказ дека спојот на модерното и традиционалното го прави совршенството. Имено, таа важи за една од најобразованите и најубавите жени во арапскиот свет, а со своите ставови значително ги менува верувањата кои преовладуваат таму.
Освен неа, Амира ал Тавил (40) е млада и обожавана жена, на која златото и дијамантите никогаш не и биле на прво место. Родена е на 6 ноември 1983 година во Ријад, каде што израснала. Ја одгледале разведената мајка, баба и дедо кои и помагале во се. Студирала во Ријад, во Саудиска Арабија, а потоа сакала да направи интервју со принцот за училишното списание. Таа добила можност и закажала прием во палатата.
Средбата со Алвалид бин Талал била изненадувачка, а разговорот кој требало да трае десет минути траел два часа. Набрзо меѓу нив се појавиле искри, а девет месеци подоцна се заљубиле еден во друг.
Како што подоцна изјавила Амира, двајцата „кликнале“ од првиот момент. И двајцата биле маѓепсани еден од друг, иако разликата во годините била голема – принцот бил 28 години постар. Иако се омажила за еден од 30-те најбогати луѓе на светот, тоа на Амира не и било доволно.
„Не сакав да бидам една од оние девојки кои седат дома и не прават ништо“, рекла таа еднаш.
Таа активно се борела за правата на жените, вклучително и еднакво наследство, старателство над децата по разводот и она што и било невообичаено важно – правото жените да возат автомобили на јавно место. Таа сакала да биде меѓу првите на кои тоа ќе им биде дозволено.
Таа со своите постапки ги уништила предрасудите и табуата, а вистински пример за тоа е нејзиниот развод со принцот кој се случил во 2013 година. Се шпекулираше и дека меѓу него и неговиот брат настанало нетрпение токму поради нејзината социјална вклученост. Сепак, таа мирно се разделила од сопругот, додека тие и понатаму останале во пријателски односи.
Пет години подоцна, таа повторно се омажила, овој пат со милијардерот Калифа бин Бути Ал Мухаири, на ексклузивна церемонија во Париз. Опра Винфри и нејзината пријателка Гејл Кинг биле меѓу ретките гости. Една година подоцна го родила синот Зајед.
Со причина таа важи за една од најубавите принцези на Далечниот Исток, а нејзиниот младешки изглед сведочи за тоа дека арапските жени не го губат сјајот со годините, за разлика од другите жени.
Таа е посветена на хуманитарната работа, има армија следбеници на Твитер. Нејзиното мото е да не дозволи луѓето да дефинираат како се чувствува, и секогаш да се сеќава на својата детска смеа и дека сака да живее со нејзините единствени маани.