Британката Софи Лариса Вајс (30), поранешна манекенка и активен вљубеник во боречките вештини, верувале или не, живее од ќотек!
Оваа девојка, според незијната исповед за „Дејли стајл“, заработува многу пари тепајќи мажи кои доброволно доаѓаат на интензивни тренинзи.
Во нејзината куќа во Барнсли има ринг, подлога, боксерски ракавици и таму прима клиенти и вели дека доаѓаат од сите страни.
– Повеќето клиенти се постари од 40 години. Мислам дека некои минуваат низ средовечна криза, па затоа и доаѓаат. Некои се во брак и се таму тајно, додека други се сингл момци кои само така се опуштаат. Уживаат кога доминирам со нив и чувствуваат болка. Долета момче од Мадрид само за да го тепам! Нашол евтин лет и хотел. Наплаќам 500 фунти на час, а тој потроши два. Обично бараат од мене да им покажам некои боречки потези, да ги „гушам“ додека не се предадат, да ги фрлам и да ги удрам во лице – рекла Софи.
– Гламурозните модели се жени кои не се плашат да го покажат своето тело, а на предлог на татко ми се посветив на тренинзите за боречки вештини. Така, моето тело е совршено обликувано благодарение на долгогодишните тренинзи во бокс, борење, џиу-џицу – продолжува Софи.
Пред четири години, кога, како што вели, непознат човек ја прашал дали може да го подигне, таа дошла на идеја да „развие бизнис“.
Ја приспособила дневната соба за тренинг, а мажите набрзо слушнале за нејзините услуги. Својата работа не ја крие ниту од родителите.
– Мама се изненади кога првпат виде како изгледа мојата куќа, речиси е без мебел, а тато мисли дека е забавно и смешно тоа што го правам. На луѓето на одмор во Египет им рекол дека живеам со фрлање и тепање мажи – открила Софи.
На сомнежите на многумина дека мажите добиваат повеќе од ќотек од неа, Софи вели дека никогаш не доживеала непријатност, ниту пак имало сексуални понуди.
– Тие едноставно уживаат кога се потчинети, а и јас уживам затоа што сакам да ги тестирам своите вештини – заклучува Софи, која со години го има својот профил на „Само ограда“.