Кралицата Летиција Ортис Рокасолано е жена со префинет стил и софистицирана убавина, која привлекува внимание каде и да се појави.
Пред да се омажи за кралот Филип таа ѝ била позната на јавноста бидејќи често се појавувала на ТВ во улога на новинарка.
Нејзиниот татко Хесус Хосе Алварез бил новинар и покрај него Летиција ја засакала оваа професија, и била многу успешна. Кралицата Летиција е магистер по аудиовизуелни комуникации и прво работела во печатените медуими, а подоцна на ТВ, каде покажа дека новинарството ѝ е во крвта.
Работела за Ес-Ен-Ен, а подоцна и за националната телевизија. Клучен момент во нејзиниот живот се случил во 2002 г., кога известувала за потонатиот танкер Престиж на северот на Шпанија, кој претставувал закана за можна еколошка катастрофа. Новинарката Летиција тогаш го запознала престолонаследникот на Шпанија. На една од снимките што се појавија на ТикТок, тогашната новинарка Летиција срдечно се ракува со принцот Филип, со кого подоцна влезе во врска. Иако зад себе имаше неуспешен брак, таа тогаш заплови во романса со тогашниот принц Филип со кого подоцна се омажи.
На снимката што се појави на ТикТок, има и дел од венчавката на која кралицата Летиција изгледа префинето, како сите кралски дами.
Приказната на Летиција Ортис Рокасалано многумина ја опишуваат како модерна верзија на бајката Пепелашка, каде наизглед „обична“ девојка се мажи за принц кој животот ѝ го претвора во бајка.
Кралицата Летиција, Шпанците посебно ја засакаа зашто е прва дама со шпанска крв, за разлика од мајката на кралот Филип, кралицата Софија, која по потекло е од Грција.