Со шест куршуми изрешетан, па прегазен мафијаш во Њујорк (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Пред својата во куќа во Њујорк, убиен е мафијашкиот “бос„ од фамилијата Гамбини, Франческо Кали, познат како Френки Бој, соопшти полицијата.

Во 53-годишниот Кали, во вечерните часови биле успукани шест куршуми. Потоа напаѓачот го прегазил со возилото и избегал. Во тоа време спругата и децата на Кали биле во куќата.

Инаку, Франческо Кали е прв нарко-бос убиен во Њујорк, откако Џон Готи нарача убиство на тогашниот шеф на кланот Гамбино, Пол Кастелан. Фамилијата Гамбино е една петте водечки мафијашки фамилии во Њујорк.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com