Македонската поп пејачка Елена Ристеска со трогателен статус и со фамилијарна фотографија постирана на нејзиниот Инстаграм профил го одбележа роденденот на татко и кој е починат.
Елена на својот Инстаграм профил напиша:
“Пробувам цел ден да не мислам и да не плачам, ама… те стигаат и солзите и спомените колку и да си цврст и јак… ќе ти беше роденден денес,14ти јули, па ќе прославевме… ќе ти посакав здравје, среќа, внуци.. и секако ќе кажеше: “само вие да сте ми добри, друго ништо не ми треба.. “ ама ете, судбина.. те нема.. а се’ повеќе си ми потребен од било кога.. и нејќам статуси, патетики.. ама толку многу сакам да вриснам од тага што мислам дека планина ќе поместам.. ама стиснувам заби и го пишувам ова, ни сама не знам зошто јавно.. ама ете..веќе ништо не е исто, само болката е поголема.. тато!“.