Американската параатлетичарка Ејми Малинс (48) е родена без потколеници, што е резултат на ретка медицинска состојба наречена фибуларна хемимелија. Кога имала само една година, ѝ биле ампутирани нозете под колената, а лекарите им рекле на нејзините родители дека Ејми можеби никогаш нема да може да оди, дури ни со помош на протези.
Сепак, таа им пркосела на сите негативни прогнози, ги рушела стереотипите и покажала дека може многу повеќе отколку што некој верувал.
Со помош на протетички нозе, убавата Американка научила не само да оди, туку и да трча – и тоа многу, многу брзо! Ејми Малинс стана жив доказ дека секој од нас, без разлика на препреките и ограничувањата, со труд и волја може да го искористи својот потенцијал.
Во 1999 година, таа чекореше на пистата за познатиот дизајнер Александар Меквин во дрвени, рачно изрезбани протези со потпетици од 15 центиметри, рамо до рамо со Кејт Мос и Наоми Кембел. Таа го нарече тоа „клучен“ момент во нејзиниот живот.
Ревијата на Меквин била можеби најзначајниот, но не и единствениот момент во манекенската кариера на оваа убавица. Меѓу другото, таа стана и едно од заштитните лица на брендот „L’Oreal“, а магазинот „People“ ја прогласи за една од 50-те најубави луѓе на светот. Исто така, Ејми успеа да се реализира и како актерка, добивајќи улога во мегапопуларната серија „Stranger Things“.
Малинс во 2013 година го запозна 5 години помладиот британски актер Руперт Френд, а само неколку месеци подоцна парот се вери. Тие застанаа на „лудиот камен“ во 2016 година на тајна, интимна церемонија.
Парот не зборува многу за својот брак во јавноста, но тие се практично неразделни и склони кон јавно искажување на нежности на црвениот тепих. Во 2018 година, познатиот актер само накратко прокоментира дека неговата сопруга е негова најголема поддршка: „Ејми за мене е непроценлива во секој поглед и е од голема помош во секој мој проект“.
Малинс еднаш истакна дека за неа зборот „инвалид“ е како окови.
„Мојот проблем со зборот „инвалид“ е што го користиме за да опишеме човечко суштество, особено дете. Знаете, мислам дека постојат одредени зборови што не треба да се користат за да се опише една личност, и секако дојдовме доволно далеку со технологијата за нашиот јазик да може да еволуира, затоа што сакам да запознаам дете кое мисли: ‘Вау, што можам да направам со мојата нова нога?