Иако во последно време е малку присутна во јавноста, Парис Хилтон ја користи секоја прилика да го привлече вниманието на себе. Прво објави нова песна, па направи селфи со другарка и Ким Кардашијан, а сега најмногу внимание привлече со смелиот “аутфит“ со кој прошета по њујоршките улици.
Таа со секси црната комбинација ги привлече погледите на возачите и пешаците на најголемата њујоршка улица.
Парис се одлучи за кратка кожна сукња и корсет која повеќе го откриваше нејзините гради отколку што ги покриваше, но тоа за наследничката на Хилтон хотелите не е ништо ново. Сепак, ваквиот аутфит повеќе прилега за журките на кои Парис е редовен посетител, отколку за попладневна прошетка низ Њујорк.