Вчера попладне во Загреб се случувала вистинска драма, откако млад човек со секира демолирал автомобил од марката „ауди“ во загрепската населба Чрномерец.
Како што велат очевидци за хрватски „Индекс“, пред да почне да го демолира автомобилот, загребчанецот замолил еден постар господин кој седел во близина да се тргне понастрана за случајно да не го повреди со залутано стакло. Откако неколку пати го удрил автомобилот со секира, тој седнал покрај старецот и ја чекал полицијата.
Наскоро полицијата пристигнала на местото на настанот, ја тргнала секирата и го одвела човекот. Наводно, како што објави РТЛ, станува збор за момче кому поранешниот шеф не му дал плата со месеци, па за да му се одмазди, решил да му го уништи автомобилот.
Фото: РТЛ