Судот во градот Иркутск го прогласи најголемиот руски сериски убиец Михаил Попков за виновен за 56 убиства во периодот меѓу 1992 и 2007 година и го осуди на двојна доживотна казна. Тој веќе е во затвор откако беше осуден за убиство на 22 жени во 2015 година. Во прв момент тој беше обвинет само за 22 убиства, меѓутоа потоа биле откриени и другите. Инаку, Попков им нудел превоз на жртвите ноќе, често и со службениот автомобил, со што стекнувал доверба кај нив. Потоа ги носел во својот роден град, каде ги убивал со ладно оружје, вклучувајќи и чекан и секира, а телата им ги расфрлал во шумата, по патот и околу гробиштата.
Попков се опишал себеси како чистач кој го чистел својот роден крај од проститутки и изјавил дека развратот се казнува во секое општество.