Џенифер Лопез и Алекс Родригез викендов со семејството и пријателите ја прославија својата веридба. Забавата се одржала во Лос Анџелес, во домот на Карол Бајер Сагер. На прославата биле присутни и нивнте четири деца од претходните бракови. 50-годишната пејачка носела бела креација на едно рамо. На една од фотографиите, таа го покажува големиот веренички прстен додека го бакнува саканиот.
“Беше фантастична вечер со запалени свеќи, бели цвеќиња и розово осветление, како во куќата така и во дворот. Тоа беше одличен момент нивните семејства и пријатели да ја прослават веридбата“, вели извор кој бил присутен на забавата.
Инаку, Џенифер Лопез и Алекс Родригез се во врска повеќе од две години, а се свршија во март на Бахамите. И двајцата имаат по две деца од претходните бракови. Ова ќе биде четврти брак за Џеј Ло.