Навивачите на хрватскиот прволигаш Осијек со рокенрол песни, за околу три часа, го исчистиле од снег теренот на стадионот во Осијек. Клубот, претходно побарал помош од своите навивачи откако сфатил дека тешко ќе се справи со снегот.
Натпреварот Осиек – Запрешиќ требаше да се одигра вчера но поради снег на теренот тој беше одложен за денеска. Мечот заврши со победа на Осијек од 6:0.