“СО РАЦЕ ПРОБАВ ДА ГО СКРШАМ ПРОЗОРЕЦОТ И ДА ИЗЛЕЗАМ“: Преживеаната девојка раскажа за трагедијата

by Тони Зографски

Меѓу седумтемина преживеани во несреќата во Бугарија е и 17-годишната Зулејха Јашаровска. Таа за Алсат проговори за трагедијата во која загинаа 46 лица.

Новинар: Како се чувствуваш дали паметиш нешто?

Јашаровска: Нешто паметам, но повеќето не…од тој случај и така.

Новинар: На кое седиште беше?

Јашаровска: Јас бев нај назад.

Новинар: Како успеа да излезеш?

Јашаровска: Колку што памтам, јас спиев, и кога се разбудив, сите викаа, пискаа. Сакав да го земам тоа за кршење, но не успеав, и со рака пробав и потоа не памтам кога се разбудив бев падната на земја…толку”.

Јашаровска во моментов е на лекување во болницата во Бугарија со останатите повредени лица.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com