Турската глумица Мерием Узерли на Филмскиот фестивал во Венеција се врати во времето кога ја глумеше Хурем Султан.
Имено, таа се појав во раскошна тоалета во боја на шампањ, дизајнирана од славниот либанско-италијански дизајнер Тони Вард. Нејзината фризура беше покриена со преубаво и богато украсено венче кое потсетуваше на круна.
Инаку, глумицата има само 35 години, а фановите многу ѝ замеруваат дека си го уништила лицето со пластични операции.