Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, со полициска придружба постапи по 14 решенија за отстранување на нелегално поставена урбана опрема.
Акцијата опфати локали, кафе барови и други објекти кои нелегално имаат поставено урбана опрема (тераси, монтажни конструкции итн.), меѓу кои е и конструкцијата поставена пред ноќниот клуб Џубокс во Дебар Маало.
,,Продолжуваме неселективно со борба против беззаконието и урбаниот хаос, со цел воведување на ред во поставувањето на урбаната опрема на јавен простор. Повторно повикувам угостителите и одговорните лица да се придржуваат до законските решенија и правилници за поставување на урбана опрема“-вели градоначалникот Саша Богдановиќ.