Двајца еко-активисти во германскиот музеј во Потсдам фрлија пире од компири врз слика на Клод Моне што беше продадена на аукција во 2019 година за 110 милиони долари. Тие влегле во музејот облечени во портокалови флуоресцентни елеци и фрлале од пирето, а потоа клекнале под сликата за да се фотографираат.
Оваа акција е само една во низата слични акции спроведени од еколошки активисти низ Европа. Слична акција беше спроведена и во Лондон кога две активистки фрлија супа од домати врз слика на Ван Гог.
NEW – Mashed potato attack on $110 million Monet painting in Germany.pic.twitter.com/dK8YCB2F1C
— Disclose.tv (@disclosetv) October 23, 2022