Бездомник од Лос Анџелес станал вистинска ѕвезда на социјалната мрежа Твитер откако само со пет зборови ја „демантирал“ говорничката на протестот на антиваксерите.
На видеото се гледа како група демонстранти кои се против вакцините шета на Булеварот Холивуд во Лос Анџелес носејќи американски знамиња, транспаренти и изговарајќи разни пароли.
„Дали ги гледате овие бездомници наоколу. Дали починале од Ковид-19? Секако дека не! Зошто? , прашала таа.
Бездомникот што ја слушнал одговори кратко и јасно.
„Затоа што сум вакциниран, глупачо“. одговорил човекот.
Hollywood Blvd, Saturday, 11:22 AM:
ANTI-VAXX PROTESTER: Do you see all of these homeless people around. Are they dead in the street with COVID? Hell no. Why?
HOMELESS PERSON (walking by): Because I’m vaccinated you dumb fuck. pic.twitter.com/rPskpOqtKs
— Film The Police LA (@FilmThePoliceLA) October 6, 2021