Жената повикала полиција и кажала дека сопругот и нанел неколку убоди со нож во стомакот.
Полицијата веднаш дошла во нивниот стан во Линц, каде го пронашла ножот со кој ја избол сопругот.
Романката во полиција изјавила дека нејзиниот сопруг возел бело комбе, но украл црн „пасат“ со кој успеал непречено да помине неколку полициски патроли.
Четири часа подоцна полицијата добила уште еден повик. Љубоморниот сопруг отишол на работа, и се заканувал со нож на нејзин колега, кого го обвинил дека имал афера со неговата сопруга.
Потоа побегнал, а на 4,7 километри, на Ларнхаузервег, Ирачанецот се возел со црн пасат кон двајца полицајци кои стоеле на тротоарот, пишува Liberteo.ro.
Притоа двете млади момчиња во униформа биле тешко повредени. Ирачанецот потоа излегол од возилото, зел пиштол од еден полицаец, а потоа со него се заканил на друг службеник и случајни минувачи. На крајот украл автомобил од друг возач и повторно побегнал.
Ирачанецот при бегството направил уште една сообраќајна несреќа кога се судрил со сиво комбе кое се обидел да го украде. За среќа, возачот на комбето успеал да побегне.
Потоа се упатил кон хотел каде што стоела полицијата и почнал да пука во нив.
Еден од полицајците пукал во него при што Ирачанецот застанал, го ставил пиштолот на земја и се предал.
Во меѓувреме, властите соопштија дека Ирачанецот бил во Австрија од 2011 година, а во земјата престојувал легално. Објавија и дека има криминално досие и е осуден за насилство врз сопругата.
Тој се товари за обид за убиство и вооружен грабеж.
GTA Linz pic.twitter.com/SykjRqgUig
— !? (@2rn66) January 9, 2023