Иако догодина ќе наполни 70 години Неда Украден не мирува. Постојано е активна, особено на музички план каде веќе подготвува трета песна за краток времененски период. Но што е наинтересно, со новата фризура, црна рамна коса на патец, Неда се врати во 70- тите години кога беше една од најголемите звезди на тогашната југословенска естрада.
-Задоволна сум и од новата фризура, од новиот “стајлинг“, а особено од песната која ја правев со млади луѓе кои работат под името “Канерас“. На почетокот на снимањето бев скептична, но кога ја слушнав реакцијата на мојата внука, знаев дека песната ќе и се допадне особено на младата генерација – изјавила Неда Украден која вели дека трите последни песни биле наменети за генерациите од 7 до 77 години.