Од 1 јуни до 31 октомври 2020 година ДДВ-то во Грција од 24 отсто се намалува на 13 отсто, со што се очекува да донесе и пониски цени за конкретните производи и услуги.
Доколку сопствениците на кафулињата и останатите угостителски објекти решат намаленото ДДВ да го спроведат директно на цените, тоа ќе значи дека во следните пет месеци, кафето и безалкохолните пијалоци, како што се соковите, чаевите и слично, ќе бидат меѓу 20 и 50 центи поевтини.
Поконкретно, кафе, сок или чај што чини 3.5 евра, би можело да изнесува 3.20 евра, или пак од 4 да се намали на 3.65 евра.
Како што беше случај кога ДДВ-то се зголеми, а сопствениците решија разликата во цената да биде на нивни, а не на товар на клиентите, така и сега, не е исклучена можноста да се стори истото, па цените да бидат непроменети.
Билетот за јавниот превоз во Атина, што сега е 1.40 евро, од први јуни би бил 1.28. Во однос на останатите билети, на пример, доколку патувањето со брод до некој од грчките острови досега чинеше 80 евра, со намаленото ДДВ, би требало да чини 73 евра.
Патувањето со воз од Скопје за Солун и назад сега чини 19.50 евра во двата правци, а со намаленото ДДВ, би требало да биде околу две евра поевтино.
Во однос на автобускиот превоз, на пример повратниот билет Атина – Солун сега е 59 евра, со намаленото ДДВ, би требало да биде 54 евра.