На 27, 28, 29 и 30 декември ќе се одржи вториот по ред хепенинг под наслов “Размрдај го ГТЦ”, на кој ќе настапат некои од нашите најголеми музички уметници, како и млади бендови и диџеи. Посебен дел во секој од овие денови ќе биде посветен и на најмладите, за кои подготвивме специјална детска програма, со дедомразовци,и јутјубери.
Минатата година заврши периодот од 10 години во кои речиси и ништо да не се случуваше во Градскиот Трговски Центар, а настанот е во цел да се размрда.
Настанот ќе се одржи на посебно креирана сцена, која ќе биде поставена во срцето на ГТЦ (во средина), а истиот и овој пат ќе биде од хуман карактер. Имено, секој посетител ќе може да донира средства, кои фондацијата “Златна Рипка” ќе ги донира за децата заболени од карцином.