31-годишниот Омар Тејлор преживеал вистинска драма пред да излезе од болница во Велика Британија.
Таму бил ставен во вештачка кома, 30 дена била на респиратор, имал два мозочни удари додека бил во кома, воспаление на белите дробови, а и срцето му откажало. На крајот го победил коронавирусот и од болница излегол за роденденот на својот син.
„Најпрвин ни рекоа дека нема да се спаси. Потоа ни рекоа дека повеќе нема да може да се движи, но тој успеа и во тоа. Неговото опоравување е чудесно“, изајви неговата сопруга Кејтлин.
Омар сега се опоравува во домашни услови и единствените проблеми кои ги има се неможноста да ја користи десната рака и отежнатиот говор. Сепак, докторите веруваат дека и тоа ќе се поправи.
Беше ова тежок период за нас, особено со две деца. Не беше присутен осум недели, на децата тоа им се чинеше како вечност“, раскажала Кејтлин.
Од болница бил испратен со ракоплескање, а пред неговиот дом се собрале соседите за да му честитаат на чудесното закрепнување.