Досега сигурно сте слушнале за платформата за возрасни OnlyFans, која е многу популарна меѓу љубителите на порно.Можете ли да ја замислите реакцијата кога ќе видите познато лице на ваква страница? Можеби некој од дома?!
Токму тоа му се случило на неименуван Норвежанец кој поминал месеци уживајќи во содржината понудена – и платена – од жешка девојка.
Нејзиниот профил го пронашол по препорака на пријател, а потоа доживеал шок во животот кога сфатил дека тоа е неговата 23-годишна ќерка.
Вознемирен од откритието, мажот не можел да се вразуми, а многу брзо му се појавиле самоубиствени мисли. Тогаш се обратил за помош кај терапевтот Тона Халдорсен.
„Тоа речиси ја уништи нивната врска. Помислата на таткото да направи нешто сексуално со својата ќерка го натера физички да се разболи. Нејзиното тело стана извор на фантазии – и неверство“, објасни таа.
Халдорсен работи како сексолог и советник за врски/брак, и открива дека мажот се восхитувал на телото на девојката со месеци пред да излезе вистината.
Тој објаснил дека никогаш не го видел нејзиното лице бидејќи било скриено. Исто така, никогаш не ја видел својата ќерка гола, па не можел да ја препознае.
Тој упатувал барања до девојката, купувал содржини, испраќал пораки, пренесува Daily Mail.
Кога ќерката била поканета на психотерапија, несвесна што се случило, почувствувала одвратност.
„Беше уште потешко што таткото сето ова го правеше зад грбот на неговата сопруга, односно нејзината мајка“, додаде Халдорсен.
Колку што таа знае, таткото се уште е оженет, а сопругата не знае за инцидентот. По советувањето, односот со ќерката се подобрил и сега добро им оди.
Девојката сè уште има профил на OnlyFans, а заедно со нејзиниот татко дозволила објавување на приказната со цел да се подигне свеста за ризиците од користењето анонимни профили.