Велат дека вистинската љубов не познава години, а еден од поекстремните примери е токму 14-годишната врска меѓу популарниот дизајнер Роберто Кавали и неговата 47 години помлада девојка Сандра Нилсон.
Тие се во врска од 2008 година, а и без оглед на прогнозите дека тоа нема да трае ниту еден месец и денес нивната љубов е моќна како и во првите денови.
Сепак, тоа не ги спасило од коментарите дека тој може да ѝ биде дедо и дека на Сандра ја интересираат само неговите пари.
Модниот могул чие богатство се проценува на 500 милиони долари, не се огласувал поради таквите коментари, а во текот на годините на својата љубовница ѝ купувал скапи подароци и редовно ја водел на луксузни патувања.
Тој неодамна ја изненадил и со несекојдневно изненадување. Ѝ подарил остров во Шведска со луксузна вила.
Некогашната манекенка била покрај него кога имал повреда на колената, а минатата година ѝ посветил емотивни зборови откако се вакцинирал против коронавирусот: „Ти ме штитиш од секој вирус“, напишал тој тогаш.
Меѓутоа, очигледно дека сега работите малку се смениле.
Во неколку наврати на Сандра речиси ѝ било непријатно поради тоа што Кавали се обидувал да стане, а поради тоа што не можел, таа му помагала, но тој некако не ѝ дозволувал.
Фотографиите настанале околу празниците и не покажале дека нешто не функционира во нивниот однос, сè до објавата од 3 март која загрижила многумина.
Сандра тогаш објавила фотографија со фигура од младиот Буда и напишала „Затворам очи и се молам за подобро утре. Добра ноќ“.
Од тој момент, таа не се огласила на Инстаграм, а многумина тоа го поврзале со лошата здравствена состојба на дизајнерот, па дури и со проблемите во нивниот однос. Под објавата можат да се прочитаат бројни прашања од загрижените следбеници, меѓутоа девојката на славниот дизајнер не се огласила.
Од друга страна за Кавали не постојат никакви информации, па нејасно е дали со него е сè во ред.