Њујоршката филхармонија го одржа својот прв концерт по историскиот прекин од повеќе од 13 месеци поради пандемијата на коронавирусот.
„Во име на сите нас кои сме на сцена – добредојдовте назад. Долго време сонувавме за вој момент“, изјавил диригентот Еса-Пека Салонен пред публиката, која не присуствуваше на концерт точно 400 дена.
Концертот се одржа во Центарот за култура „Шед“ на Менхетен, оддалечен околу три километри од седиштето на салата „Грефен“ во Линколн центарот, кој се реновира.
Со намален број и на музичари, програмата траеше еден час, а се свиреа три дела на музичарите Каролин Шо, Јан Сибелиус и Рихард Штраус.
Во големиот културен центар „Шед“, отворен во април 2019 година, имаше 150 гледачи со маски, кои седеа на столови поставени на дистанца, кој инаку собира 1 200 луѓе.
Издадени биле електронски карти со време кое што било одредено за влегување во салата, на публиката ѝ се мерела температура пред да влезе во салата. Секој гледач морало да има негативен тест за ковид-19 или да приложи документ дека примил вакцина 14 дена претходно.
Салонен, музички директор на Симфонијата во Сан Франциско и главен диригент на лондонската филхармонија, е гостин диригент на оваа програма, која ќе одржи уште еден концерт в петок навечер.
„Ако ние музичарите сме посакале нешто во овие 14 месеци и повеќе, тоа е дека ништо, апсолутно ништо, не може да го замени чинот и ритуалот на изведбата во живо“, рече тој пред присутните.