Туристите кои престојуваат во Грција ова лето во Солун можат да најдат ресторан со многу вкусна и евтина храна лоциран надвор од строгиот центар на градот наречен „Бабис“.
Цените се многу пониски отколку во таверните и рестораните во центарот. Предјадењата се од 3 до 5 евра, главното јадење до 10 евра, додека чаша вино чини 2 евра.
Она што е интересно е дека работното време на ресторанот е само до 17 часот и работи по принципот на резервации. Тие се напишани со рака и се наоѓаат на масите.
Сајтот „Nikana.gr“ објави детали за ресторанот „Бабис“, кој, како што се наведува, секогаш е полн и најмногу го посетуваат мештаните.
“Ако тргнете малку надвор од строгиот центар на Солун, може да наидете на стари кафулиња со домашна услуга, вкусна храна и ниски цени.“
Резервација за ресторан и порции храна
На сајтот навеле дека со денови минувале покрај овој ресторан и секогаш бил полн. Одлучиле да седнат една вечер, но сосема се изненадиле кога виделе дека е затворено, бидејќи работното време било до 17 часот.
Следниот ден пристигнале околу 13 часот, а на масите имало рачно напишани резервации. Сепак, имало една слободна маса.
„Порциите не се големи, но сè е вкусно и свежо. Вработените не се брзаат премногу, сè е опуштено и лесно, а нам токму тоа и ни одговара“, пишува на Инстаграм профилот на Nikana.gr.