Откако на почетокот на годината ја побара својата девојка за жена, потпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Димче Арсовски сега, и официјално стапи во брак со Соња Тодорова.
Тие склучија граѓански брак и направија мала забава.
Претходно, Димче сподели среќна вест, неговата избраничка ќе му подари наследник.
Инаку, вереницата на Димче, Соња Тодорова по потекло е од Струмица, но веќе неколку години живее и работи во Скопје. Таа е сопственик на маркетинг агенција.