Со македонско знаме на ковчегот и македонската песна „Зошто си ме мајко родила“ фронтменот на Парни ваљак, Аки Рахимовски денеска е испратен до вечното почивалиште во Загреб.
Емотивниот говор на неговата ќерка Дина расплака многумина.
„Во една прилика рече дека е лесно да се биде висок, но тешко е да се биде голем, голем човек“, рече низ солзи Дина.“Ти благодарам тато што ме научи дека човекот е мал под ѕвездите. Ајде бегај, така ми кажа, бегај ќерко. Бегај тато, бидејќи горе им е досадно без тебе. И знај само ти, тато, и никој како тебе“, рече таа.
„Те сакам тато“, го заврши својот говор.
Потоа започна песната I Did It My Way.
Многу хрватски музичари дојдоа за последен пат да се простат од Аки. „Нашата улица е тажна откако не си тука… Затоа што тажната песна ја пеат оние што остануваат“, пишува пред бината покрај фотографијата на Аки. Ова се стихови од песната Парни Ваљак, Моја песна е лагана.
Легендарниот Аки Рахимовски почина во саботата, во Ново Место, Словенија. Комеморацијата ќе се одржи утре, на 28 јануари, во 11 часот во малата сала на „Ватрослав Лисински“ во Загреб, за најтесниот круг на колеги и пријатели.
Инаку, повеќе од 150 радио станици ширум поранешна Југославија денеска во 15 часот го емитуваа последниот сингл на Парни Ваљак, насловен „Повторно“, во чест на починатиот фронтмен Аки Рахимовски.
Фото: Luka Šangulin/Index