На 17.02.2021 во Македонија започна вакцинацијата против ковид -19.
Заклучно со 06.06.2021, аплицирани се:
• 60.526 дози на Pfizer/Biontech (43.441 со прва доза и 17.085 со втора доза),
• 45.168 дози на Sputnik V (22.875 со прва доза и 22.293 со втора доза),
• 32.875 дози на AstraZeneca (32.843 со прва доза и 32 со втора доза) и
• 251.705 дози Sinopharm (147.998 со прва доза и 103.707 со втора доза).
Заклучно со 06.06.2021 вакцинирани се вкупно 247.157 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 143.117 лица.