СО КОПАЧ НАПАДНАЛ ТРИ ЖЕНИ СО ДЕТЕ: На хрватската фудбалска легенда “му се споиле жичките“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Прославениот хрватски фудбалер и тренер Јосип Скоблар нападнал три жени и едно дете во саботата на улица. Тој почнал да вика по нив, да се заканува со копач, а една од нив ја фатил за врат и ја повредил. Причина било тоа што туристите влегле во една слепа уличка, си се паркирале пред неговата куќа и заминале кон морето да си се избањаат.

„Во потрага по добра плажа тргнавме и возевме по слепа улица додека не дојдовме до крајот на патот. Немаше никаков знак, а околу нас имаше неколку куќи. Од горната страна на улицата имаше ограда, а од долната плажа. Изгледаше пријатно. На никого не му пречевме. Се бањавме еден час. А потоа сакавме да тргнеме понатаму, но дојде еден човек во тренерка. Застана зад нашиот автомобил и почна да вика. Јас прво помислив дека нешто не е во ред со него“, вели жената.

Мирјана кажа дека тој ги навредувал, а потоа дошла жената со синот и се обидела да го вразуми, но тој почна да се заканува со копачот, а една од нив ја фатил и за врат.

Од полицијата соопштија дека добиел казнена пријава и во тек се утврдување на сите детали од инцидентот. А Скоблар порачал преку неговата ќерка Јосипа дека му е жал поради инцидентот.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com