Меган Маркл и принцот Хари се откажаа од кралските должности на почетокот на годината, а како што сега објави „Daily Mail“, тие останаа без својата резиденција за престој во Велика Британија.
Имено, со заминувањето на Меган и Хари од семејството и земјата, нивниот дом Фогмор Котиџ и припадна на братучетката на Хари, принцезата Евгенија, која чека бебе со сопругот Џек Бруксбанк, пишува „Daily Mail“.
Според „Daily Mail“, сите нивни предмети биле изнесени во текот на ноќта и испратени во Калифорнија.
“Комбињата пристигнаа среде ноќ и ја испразнија куќата. Дефинитивно не сакал никој да ги гледа. Преземањето работи и предавањето на клучевите е прилично очигледен знак дека Меган и Хари не размислуваат да се вратат. Се чини дека ги сечат сите врски и планираат да го продолжат престојот во Америка, можеби засекогаш “, изјави извор за “Сан“.
Евгенија и Џек во септември објавија дека ќе го добијат своето прво дете во новата година.
“Фрогмор е украсен според вкусот на Меган и Хари, а раѓањето на Арчи беше земено во предвид, па затоа е идеално место за одгледување дете. Бонус е што тие се блиски со родителите на Евгенија, но и со кралицата. Меган и Хари не беа воодушевени од резиденцијата, колку што се Еугенија и Џек “, додаде изворот.