Поп-ѕвездата Кристина Агилера ги израдува своите фанови со низа провокативни фотографии и во 5. деценија покажа дека е вистинска „бомба“.
Пејачката сподели жешки кадри и со тоа потсети зошто е една од најпосакуваните жени.
Агилера самоуверено позирала пред објективот додека на себе имала само кожни црни нараквици со кои ги прекрила градите, а косата ја префрлила напред и на тој начин ги сокрила интимните делови.
„Бомба“, „Жено, годините ништо не ти можат“, „Изгледаш како на почетокот од кариерата“, „Видовме како изгледаш беш фотошоп, бадијала се трудиш“, „Нереално убава и талентирана“, „Божица“, „Уште вака да изгледаш во живо“, биле дел од коментарите.