Несекојдневна снимка од еден ноќен клуб во перуанскиот град Пакасмајо се појави на интернет, на која се гледа како една тинејџерка се забавува во ноќен клуб, но нејзината мајка упаѓа на забавата.
Имено, додека една тинејџерка се забавувала во ноќен клуб со пријателите, во еден момент на вратата од клубот се појавила нејзината бесна мајка.
Госпоѓата, гледајќи ја својата ќерка, веднаш реагирала и ја испратила од клубот удирајќи ја со каиш по нозете се до дома
Некои од присутните снимиле се со своите мобилни телефони и видеото набрзо стана вирално на социјалните мрежи, пишува порталот Libero.
Необична сцена се случила во перуанскиот град Пакасмају, а веста ја пренесоа и тамошните телевизиски станици.
Младата девојка наводно не добила дозвола од родителите да излезе, а мајката дополнително збеснала бидејќи ја нашла малолетната ќерка како пие пиво.
Под објавената снимка, повеќето гледачи застанале во одбрана на мајката, сметајќи дека децата мора да ги почитуваат родителите кои им посакуваат најдобро.
Имало и такви кои мислеле дека мајката претерала со овој потег и дека во најчувствителните години ја ставила својата ќерка во многу непријатна ситуација.