По поразот на нивната репрезентација од Бразил од 29-26, хрватската јавност му се нафрли на селекторот Лино Червар за лошо поставената тактика против “кариоките“. Во нападите против Червар медиумите ја искористија и изјавата на македонскиот голман Борко Ристовски за хрватскиот селектор дадена пред една година.
“ Хрватска има многу добар тим, но и недостасува подобар тренер. Лино Червар не е тренер за оваа репрезентација бидејќи неговото време помина пред пет-шест години. Тој е стар и десетина години е надвор од топ ракометот. Кога би имале подобар тренер, сигурно би биле главни фаворити за медала“ – изјави Ристовски кој уште од времето кога Червар го изостави од репрезентација на Светското првенство во 2017 години е во судар со Хрватот.