Десетина луѓе во Њујорк ја спасија жената која беше заробена под автомобилот кој претходно ја удри на пешачки премин. Кога видоа што се случи, тие потрчале и со заеднички сили го кренаа Мерцедосот за да ја извадат жената која лежеше под него.
-Бев под возилото. Работите што ги носев се растурија на асфалтот. Сакам да им се заблагодарам на сите што ми помогнаа. Не знам дали воопшто можат да им се одолжам – изјавил 25-годишната Германка Вероника која неодамна се преселија во Њујорк.
Инаку, таа поминала само со полесни повреди, гребнатинки и модрици.