534
Популарните лекарски имиња во Македонија се честа мета на интернет злоупотреби заради продажба на лекови. Изминатиот период доста често на социјалните мрежи се злоупотребуваа нивни фотографии и нивните имиња заради продажба на непроверени лекови за разни болести.
Откако беше објавена информацијата дека Обвинителството им влегло во трага на овие продавачи на лекови, докторот Нико Беќаровски, на својот Фејсбук прфил објави дека со задоволство ќе сведочи против нив во судски процес.
