Надрилекарката Олгица Маркановиќ е уапсена денес кога се обидела да ја премине границата со Хрватска. Таа е упште една осомничена за надрилекарство. Неа ја пријавило Здружението на интердисциплинарна естетска и анти-стареечка медицина на Србија „СЕСИАМ“.
Утврдено е дека таа ги давала горенаведените услуги долго време во „Медицинскиот и естетски центар Тајас“ во Белград на улицата Дринишка, без одобрение или лиценца на Министерството за здравство на Република Србија, спротивно на законот за здравствена заштита и регулативи со кои се регулира обезбедувањето такви услуги.
По пријавите и проверките во Министерството за здравство, Обвинителството изврши дополнителни проверки, по што е утврдено дека, засега, 11 жртви пријавиле дека се оштетени од Маркановиќ.
Како што претходно изјави за Курир.рс една од девојките, која вели дека отишла во споменатиот салон да го намали носот и да ги крене веѓите, а излегла со изгорено лице, тие не се заинтересирани за пари и надоместок.