Во Бутел утрово со експлозив бил разнесен банкомат на NLB дознава Сител. Инцидентот се случил кај маркет „Диа“ на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“.
Полицијата е на терен и во моментов се врши увид на местото на настанот.
Пред повеќе од шест месеци се случи сличен напад кога вооружени лица со пиштол му се заканиле на обезбедувањето на деловен објект во Топанско Поле, а потоа поставиле експлозив на четири банкомати лоцирани во близина.
Фото: Сител